Историските градби на Крф и Самос (Грција), Ѓирокастро (Албанија) и Охрид (Северна Македонија) претрпеа огромна штета, поради напуштање, интервенции и / или незаинтересираност. Многу од овие згради се во опасност од уривање и не се достапни. Во исто време, регионалните власти, жителите и посетителите немаат пристап до информации во врска со историјата, состојбата и вредноста на архитектонското наследство.
Проектот IRC-HERMeS има за цел да развие заедничка стратешка платформа за управување со градбите во населените места / региони, за поддршка на зачувувањето, заштитата и презентацијата на нивното културно наследство.
Главните цели на проектот се:
- Развој на заеднички иновативен дигитален систем за управување, заштита и унапредување на културното наследство за земјите учеснички со пилот-имплементација за историските населби во Крф, Самос, Ѓирокастро и Охрид.
- Подобрување на капацитетот на секоја населба за промовирање и повторна употреба на нејзините извонредни градби.
- Идентификување и промоција на заедничкото културно и архитектонско наследство на Грција, Албанија и Северна Македонија.
- Составување на заеднички план на локално и прекугранично ниво – за алтернативен тематски туризам што се однесува на човековата околина (архитектонски туризам, туризам за училишта).
- Подигање на свеста на граѓаните за прашањата за заштита и реставрација на културното наследство.
- Развој на едукативни алатки за наставници и студенти за подобрување на курсевите за културно наследство.