3. Нашата животна средина и градбите

Животната средина и градежните материјали

Од кои материјали се направени градбите?

Upper view at Krapche House
Горна глетка во куќата Крапче

Градбите во охридскиот регион се базирани единствено на локални природни материјали, главно камендрвовар и глина. Материјалите биле локално обработени, но сепак нема точни податоци каде и дали постоел производствен капацитет за преработка и горење на тули или каде каменот бил обработуван по неговото вадење.

Во профаната архитектура во Охрид, најраспространетите материјали се каменот, дрвото и малтерот. Приземјето е често изработено од камен со дрвени врски, додека горните катови се направени во рамка од дрво. Ѕидовите на горните катови се создадени така што двете страни на дрвените греди се исковани во тенки линии, грубо исецкани табли (локално наречени „плаки“), над кои се става малтер. Во повеќето случаи, малтерот е мазен, елабориран вар со малку состојки од дрво и стапови. Теракотата најчесто се користи за покривање на кровови во профаната архитектурата.

Зошто ги избираме нив?

Масивните камени sидови се засилени со дрвени врски, наменети за зајакнување на градбата од сеизмички дејствија. Дрвени елементи ги врамуваат надворешните sидови и прозорците. Нивната функција е да го зачуваат малтерот од распаѓање или оштетување. Хоризонтални дрвени корнизи служеа за дренажа на вода, за заштита на фасадата. Прозорците беа релативно големи на горните катови (зошто?), каде што се отвораат на рамките од дрво на sидовите (чатми). Димензијата се зголемува со капацитетот кој може да се дозволи за стаклени прозорци. Лизгачкиот систем за отворање бил широко распространет (што мислите, зошто?).

Активност

Поклопете ги градежните материјали што ги гледате на левите фотографии со нивните имиња десно. Повлечете го полето за име и спуштете го на фотографијата на соодветниот материјал. На два градежни материјали веќе се ставени нивните имиња. Може да се обидете многу пати за да постигнете најдобра оценка.

Активност

Сега, кога ги видовте и споивте градежните материјали со нивните имиња, обидете се да ја реш ите активноста подолу. Материјалот opus cloisonnè е веќе даден.

Активност во училница

Од кои материјали е направена вашата куќа? Исечете мали парчиња хартија и на секое парче напишете ги материјалите од вашата куќа што можете да ги запомните. На пример, ако идентификувате 5 градежни материјали, исечете 5 парчиња хартија и на секое напишете го името на материјалот.

Потоа, вие и вашите соиграчи ги собирате сите парчиња заедно. Формирајте тимови за да го олесните групирањето на различните материјали. На пример, ќе има тим што собира само парчиња хартија што пишува „дрво“, друг тим што пишува „гипс“, друг за зборот „камен“ итн.

Потоа, ве молам, напишете ги на таблата во училницата сите напишани материјали и покрај нив, бројот што се појави на крајот од процесот. На пример, дрво: 15 пати, што значи дека 15 парчиња хартија напишале “дрво”.

Размислете за резултатите со вашите соиграчи.

Резултати

  • Кој материјал е најчесто идентификуван?
  • Дали локалните природни материјали: камен, дрво, вар и глина, се најчесто идентификувани на таблата на училницата?
  • Дали другите материјали ја зазедоа својата позиција?
  • Ако да, што мислите што може да значи ова за:
    • животната средина,
    • локалните традиционални градежни техники,
    • сликата на градот.