Во археолошките истражувања во стариот дел на Охрид досега се откриени девет базилики. Овие базилики биле изградени во текот на 4, 5 и почетокот на 6 век. Тие содржат архитектонски и декоративни карактеристики кои неспорно укажуваат на силно растење и слава на Лихнидос, некогашното име на градот. Структурата на градското јадро е збогатена и со голем број археолошки локалитети, со акцент на ранохристијанските базилики, кои се познати и по мозаичните подови.
Базиликата има наос и два коридори. Наосот е поделен од коридорите со колонада. Наосот е секогаш поширок, дури и двоен, од коридорите. Кровот на наосот е повисок од останатите за да обезбеди простор за внатрешноста на црквата.

[Colonnade = Колонада]
Подгответе (вистинска!) тура со соиграчите на овие археолошки места во вашиот град. Обидете се заеднички да ги откриете врските помеѓу информациите што се наоѓаат на локалитетите, бидејќи тоа е мисијата!
Дејства:
Резултати: