2. Нашиот град

Внатре во градот

За каков тип на зграда станува збор..?

Ohrid Macedonia FYROM August 2008 - 039“Ohrid Macedonia FYROM August 2008 – 039” by Pierre-Yves Sanchis is licensed under CC BY-NC-SA 2.0

Зградите претставуваат составен дел од сликата на градот. Урбаната структура на стариот градски центар на Охрид се уште во голема мера е сочувана и добро препознатлива. Во последните години од минатиот век, пред да се спроведе законот за заштита на културното наследство, беа направени несоодветни градби пред воведувањето на контактните зони. Со развојот на туризмот, областа околу езерото беше искористена за туристички капацитети што ја уништија перцепцијата и климата на целата област. Но, градот сè уште има единствена, мешана типологија на градбите.

Значајното културно наследство, кое е зачувано во Охрид и неговиот регион, се состои од следниве градби:

  1. Профана архитектура
  2. Христијански верски градби
  3. Исламска архитектура

Профана архитектура

Профаната архитектура може да се подели на:

  1. Станбени згради
  2. Јавни згради
  3. Продавници и магази

1. Станбени згради

До почетокот на 20 век, станбените згради ги граделе безимени занаетчии, кои го формирале и му давале живот на просторот затворен во една куќа. Условите на минимален простор за градење ги принудил занаетчиите да ги прошират објектите во висина. Трговските простори се наоѓаа на приземјето, обично затворени во темелите на ѕидовите. Просториите за живеење биле во средината и на највисоките катови, со репрезентативните простории  изложени на сонце и воздух. Оваа едноставна шема е ставена во пракса во многу различни пристапи, во многу варијации, во зависност од спецификациите како теренот, достапните материјални можности на сопственикот, сончевата светлина, ставовите итн.

Морфологија на станбена зграда

Вертикалните врски во куќите можат да се споредат со протокот на крв кај живите организми (органски карактер), што значи дека лазат и течат низ сите делови на куќата, поврзувајќи ги сите простории. Тие се комбинација на слободно поставени и логички простори, кои ќе бидат на услуга кога ќе биде потребно, и со формата и големината, се наметнува неопходноста.

Во играта „влечи и испушти“ подолу, обиди се да ги поклопиш просторите на градбата од подните планови со кутиите од десната страна. Веќе се поставени две кутии. Името во полињата ја покажува целта на употребата на секој простор.

Куќата на Крапче

Оваа градба ја претставува профаната архитектура од 19 век, со експресивен, органски карактер. Испробајте го виртуелниот поглед од 360° надвор од оваа градба и обидете се да ја решите подолу загатката.

Типологија на станбени згради

Повлечете ги зборовите до точните точки на градбата како што покажуваат стрелките:

Зградите со профана архитектура во Охрид се изградени со масивен ѕидарски камен во приземјето, со дебелина од 50 до 80 см, и техника за врамување дрва за горните катови. Дрвената конструкција често излегува од ѕиданиот дел на приземјето. Покривот има минимален нагиб, задолжителен за покривните плочки. Масивните камени sидови се засилени со дрвени врски, наменети за зајакнување на соѕиданото од сеизмички дејствија. Дрвени елементи ги врамуваат надворешните ѕидови и прозорците. Нивната функција е да го зачуваат малтерот од распаѓање или оштетување. Хоризонтални дрвени корнизи служат за дренажа на вода, за заштита на фасадата. Прозорците беа релативно големи на горните катови, при што се отвораа на sидовите со дрвени рамки (чатма). Димензиите им се зголемија со зголемување на капацитетот на носивост на стаклени прозорци. Лизгачкиот систем за отворање е широко распространет.

2. Јавни згради

На почетокот на 20 век, Охридскиот регион се најде под влијание на европската архитектура; класични, неокласични, ренесансни и академско-барокни стилови се усвојувале особено во новите згради со јавна функција. Малку од овие градби преживеале, но сепак оставиле силен историски белег. Фасадата на овие згради е составена од строга симетрија и типично на врвот се додавале корнизи и педименти. Нивниот посебен стил и огромната големина произлегуваат од градските станбени елементи, со јасна намера за разликување.

Работничко училиште

Најрепрезентативниот примерок на јавна зграда во Охрид е НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“, т.н. „Работничко училиште“. Испробајте го виртуелниот поглед од 360° надвор од оваа градба и обидете се да ја решите подолу загатката.

Типологија на јавни згради

Повлечете ги зборовите на точното место на зградата како што покажуваат стрелките:

3. Продавници и магази

Зачувани се малку продавници од 17 век, а повеќето информации произлегуваат од фото-документацијата од почетокот на 20 век. Складиштата (магазите) од периодот помеѓу 17-19 век, се документирани во поголема мера во Чаршијата. Според добро утврден модел, тие биле изградени со ѕидарски  камен: подрум, приземна просторија отворена кон Чаршијата со железна решетка и под со два мали прозорци. Подрумот и подот служеа како магацин и работен простор (во близина на занаетчиите). Друг вид продавници е оној со подрум направен од ѕидарски камен и лакови од цигли. Може да се најде на закосен терен, каде што влезовите и магацинот се наоѓаат на спротивната страна од чаршијата.

Магаза од Савинови

Магазата на Савинови е типичен пример на една продавница во чаршијата. Испробајте го виртуелниот поглед од 360 ° надвор од оваа зграда и идентификувајте го скриениот знак.

Мини-активност

Можете ли да забележите друг вид продавница со ѕидарски камења и лакови од цигли во градот, а потоа да ја сликате?

Активност

Кои други видови градби можете да ги идентификувате во вашиот град? Дали би препознале градба од исламска архитектура? Дали знаете што е барокен стил и кој период го претставува? Обидете се да ги поклопите зградите подолу со нивниот архитектонски стил: